Свет 07. ноември 2019. / 15:08

Столтенберг: Aко Берлин им го сврти грбот на САД, Европа ќе биде во опасност

Столтенберг: Aко Берлин им го сврти грбот на САД, Европа ќе биде во опасност

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека Берлин не треба да ја заборави клучната улога на Вашингтон при обединувањето на Германија и на Европа по Студената војна, на тој начин одговарајќи на изјавата на шефот на германската дипломатија Хајко Маас, кој обединувањето на неговата земја го нарече „дар од Европа“.

– Обединувањето на Германија и Европа ќе беше невозможно без гаранцијата за безбедност од САД. Секој обид да се одалечи Европа од Северна Америка, не само што ќе го ослабне трансатлантскиот сојуз, туку има опасност да внесе поделби и во самата Европа – изјави Столтенбер во Берлин, каде што присуствува на одбележување 30 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид.