Свет 06. ноември 2019. / 10:29

Стејт департментот: Иран ја продолжува својата ,,нуклеарна уцена”

Стејт департментот: Иран ја продолжува својата ,,нуклеарна уцена”

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус изјави дека Иран ја продолжува својата „нуклеарна уцена“ со заживување на активностите за збогатување ураниум.

Таа додаде дека Вашингтон ќе продолжи да врши „максимален притисок“ врз Техеран.

Иран нема веродостојна причина да развие програма за збогатување ураниум во објектот Фордо или на друго место. Тоа е јасен обид за нуклеарна уцена што ќе ја влоши политичката и економската изолација – изјави портпаролката.

Ортагус додаде дека рестартирањето на програмата за збогатување на ураниум, што е во спротивност со клучните нуклеарни обврски на Иран, е „голем чекор во погрешна насока“ и означува ризик што Иран го претставува за мирот и меѓународната безбедност.

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера објави дека Иран ќе ги продолжи своите активности за збогатување ураниум во неговиот објект „Фордо“, на 180 километри јужно од Техеран.