Свет 24. јануари 2021. / 22:07

Старџон вети втор референдум за независност на Шкотска, доколку победи на изборите во мај

Старџон вети втор референдум за независност на Шкотска, доколку победи на изборите во мај

Шкотската премиерка Никола Старџон денеска изјави дека има намера да одржи законски референдум за независност од Велика Британија ако победи на претстојните парламентарни избори.

Старџон, лидерката на Шкотската национална партија (СНП), со тој потег би влегла во отворен спор со британскиот премиер Борис Џонсон кој остро се противи на нов референдум за независност на Шкотска.

Ако СНП победи на шкотските избори за неколку месеци, со залагањето да им биде даден тој избор на луѓето (да се изјаснат за независноста), кој демократ би можел да застане на патот на тоа? Борис Џонсон се плаши од пресудата и волјата на шкотскиот народ, рекла Старџон за Би-Би-Си.

СНП наведува дека ако добие мнозинство во парламентот на мајските избори, ќе го усвојат законот кој овозможува одржување на нов референдум по завршување на пандемијата на коронавирусот.