Свет 01. април 2020. / 16:38

Стапката на смртност во Британија се зголеми за 50% откако 563 лица починаа во еден ден

Стапката на смртност во Британија се зголеми за 50% откако 563 лица починаа во еден ден

Вкупно 563 лица починале во Велика Британија од новиот коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата сега изнесува 2.352.

Во земјата има вкупно 29.474 заразени луѓе.

Ова е најголемото дневно зголемување втор ден по ред. Вчера, стапката на смртност веќе двојно се зголеми од претходниот ден, затоа што починаа 381 повеќе пациенти.

Министерството за здравство денес потврди дека уште 563 починале – што значи дека стапката е зголемена за уште 50 проценти.