Свет 01. мај 2020. / 20:30

Стапката на смртност од Ковид-19 во Велика Британија е двојно поголема кај сиромашните

Стапката на смртност од Ковид-19  во Велика Британија е двојно поголема кај сиромашните

Стапкатана смртност од коронавирусот во Велика Британија е двојно поголема помеѓу сиромашното население во однос на најбогатите, соопшти Заводот за статистика каде што биле проучувани 20,283 смртни случаи од 1. март до 17. април.

Студијата покажува дека стапката на смртност во сиромашните реони билла 55,1 смртни случаи на 100.000 лица, а во богатите области 25,3 смртни случаи на 100.00 луѓе.

Професорот по медицина на Универзитетот Оксфорд, Карл Хенеган, рече дека лошите услови за живот, лошата исхрана и почестото разболување се причина за ваквата слика, како можни причини за пад на имунитетот.

Посиромашните луѓе се со поголема опасност да се заразат, затоа што треба да одат на работа поради помалата веројатност да извршуваат работа што можат да ја извршат од дома, смета Хелен Барнард, вршител на должноста директор на добротворната фондација „Џозеф Ронтри“

Таа вели дека пред сиромашните има тежок избор – или се соочуваат со огромен пад на приходот или продолжуваат да работат со висок ризик од заразување со вирусот“.