Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, престојува во Пјонгјанг, каде разговарал со лидерот Ким Џонг-ун околу севернокорејската атомска програма.
На својата средба со севенокорејскиот лидер во Пјонгјанг, шефот на руската дипломатија го поканил Ким Џонг-ун да ја посети Русија, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Од Москва се соопштува дека тема на разговорите меѓу Лавров и Ким Џонг-ун е севернокорејската атомска програма и прашања поврзани со билатералните односи.
Посетата на Лавров се случува среде подготовките за можен самит помеѓу севернокорејскиот лидер и американскиот претседател, што Доналд Трамп официјално го откажа, но потоа ретерираше.
????Sergey #Lavrov was greeted by the Chairman of the State Affairs Commission of DPRK Kim Jong-un during his visit to Pyongyang pic.twitter.com/kjixCrCZ4t
— MFA Russia ?? (@mfa_russia) May 31, 2018
Американскиот министер за надворешни работи синоќа во Њујорк го примил севернокорејскиот генерал Ким Јонг Чол, со кого денеска ќе има натамошни разговори. Ким е заменик-претседател на Централниот комитет на севернокорејската Работничка партија и близок соработник на севернокорејскиот лидер и главен командант на армијата, Ким Џонг-ун. Генералот е највисок по ранг севернокорејески функционер кој по 18 години престојува во САД.
Истакнат американски дипломат изјави дека разговорите на пратеникот од Пјонгјанг се во функција на евентуално одржување самит меѓу американскиот претседател и севернокорејскиот властродржец, првично планиран за 12. јуни во Сингапур. „Доколку самитот се одржи, Севернокорејците мора да кажат јасно на кои чекори се спремни“, изјавил дипломатот. Тема на историската средба би требало да биде разградувањето на севернокорејската атомска програма. САД инсистираат на целосно и проверливо денуклеизирање на Северна Кореја, а за возврат нудат економски олеснувања. Пјонгјанг има поинакво гледиште за денуклеизацијата – набљудувачите сметаат дека Северна Кореја нема да биде подготвена да се откаже од својата атомска програма без добивање безбедносни гаранции од САД. Вашингтон во меѓувреме е спремен на одредени отстапки во таа насока, тврди американски дипломат.
Извор: Дојче Веле