Свет 28. октомври 2018. / 19:21

Според анкетите Меркел ги губи изборите во Хесен

Според анкетите Меркел ги губи изборите во Хесен

Според резултатите на анкетата Унијата ЦДУ/ЦСУ на канцеларката Ангела Меркел губи на изборите во германската сојузна држава Хесен.

Според досегашните резултати десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) освоила парламентарни места во секоја германска држава.

Се претпоставува дека неуспехот на владејачките партии во Хесен резултирале со губење на поддршката на сојузната голема коалиција.

Партијата на Ангела Меркел по изборите во 2013 година мораше да направи коалиција со Сојузот 90/Зелените. Не е познато дали унијата ЦДУ/ЦСУ повторно ќе се здружи со Зелените за да формира влада.

Инаку, овие избори се втор голем испит за владејачката коалиција по историското губење на партиите од Унијата ЦДУ/ЦСу и Социјалдемократската партија на Германија СПД на изборите во Баварија.