Свет

Спасувачот откри кој ги спаси децата во пештерата: Овој човек е вистинскиот херој

Спасувачот откри кој ги спаси децата во пештерата: Овој човек е вистинскиот херој

Водачот на акцијата за спасување на децата и фудбалскиот тренер од пештерата на Тајланд, контраадмиралот Арпакон Јуконгкаев, говорел за неверојатната повеќедневна акција.

Тренерот и 12 деца, поминаа 17 денови без храна и светлина во пештерата која била поплавена од монсунскиот дожд. Сите се спасени, а Јуконгкаев кажува дека голема заслуга за тоа има само 25-годишниот тренер.

„Среќен сум и верувам дека народот на Тајланд е среќен исто така. Од првиот ден од кога дознавме дека се заглавени и од кога нашата единица е одредена за спасувачката мисија, имавме неколку препораки бидјеќи нивото на водата постојано растел. Не мислевме дека мисијата ќе биде вака успешна. Имавме малку надеж дека тие можеби и се живи, па моравме да продолжиме понатаму“, наведе тој и додаде дека зрното надеж стана реалност.

„Мора да кажам дека се беше добро, сите во добра состојба. Како што слушнав, користеле камење за да копаат тунел, за да им биде потопло. Она што знам е дека тренерот бил монах, така да има познавање доста од тхники за медитирање и тие техники ги користел за да ги смири децата и да штеди воздух“, рекол Јуконгкаев.

„Во пештерата останавме до 22 или 23 часа, па малку спиевме, кога ќе се вратевме имавме само неколку часови за сон. Моравме да мислиме многу за тоа како да се бориме со различните елементи“, истакнал контраадмиралот и додал за храброста на Саман Гунан, кој доброволно се пријавил за оваа мисија и загинал за да ги спаси децата.