Расте бројот на загинати поради снегот во Австрија.
Повеќе од 40 места низ земјата се означени како кризни зони, а на терен се околу 1200 војници.
Во четири сојузни држави прогласен е највисок степен на опасност од лавина.
Вчера попладне настрада и осмата жртва. Станува збор за 16-годишно момче кое беше затрупано од лавината во местото Свети Антон ам Арлберг.
На скијачките пордачја спасувачите од лавина извлекле тројца млади сноубордери, кои поминале без повреда.
Неколку луѓе се исчезнати, па спасувачките екипи интензивно трагаат по нив.