Свет 22. март 2020. / 20:05

Состојба со корона вирусот во светот до 20 часот

Состојба со корона вирусот во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 338. 259 луѓе заразени со коронавирусот. Од нив починати се 14.457, а оздравеле 96.958 лица.

-Германската канцеларка Ангела Меркел мора да оди во домашна самоизолација бидејќи била во контакт со лице заразено со коронавирус, изјави вечерва нејзиниот  портпарол.

-Американскиот сенатор Ранд Пол е позитивен на тестот за коронавирусот. Сенаторот е сместен во карантин и засега добро се чувствувал.

-Во Италија во последните 24 часа починаа уште 651 лице, со што вкупната бројка на жртви сега изнесува 5.476. Бројот на инфицирани од денеска е зголемен за нови 5.560 и сега вкупната бројка на заразени изнесува   59.138.

-Во Велика Британија од коронавирус умреа уште 47 лица, со што вкупниот број на жртви во полседните 24 часа асе зголеми на 281, соопошти денеска владата.

-Во Словенија вечерва е регистрирана втората жртва од коорнавирусот. Досега се заразени 414 лица.

-Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија денеска е зголемен за 61 и сега изнесува 367, соопшти кризниот штаб.

-Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека денеска е потврден првиот смртен случај од коронавирус во земјата.  Во земјата има 34 потврдени случаи на заразени.

-Во Хрватска до 16 часот попладнево беа забележени 19 нови случиа од утринава со што сега вкупниот број на заразени изнесува 254, соопшти министерот за здравство Вили Берош.

-Во Србија до вечрва се потврдени уште 34 случаи на коронавирусот со што вкупниот број на заразени сега скокна на 222.

-Во Мозамбик денеска е потврден првиот случај на заразен со Ковид-19 , соопшти министерот за здравство Арминдо Тјаго