Свет 24. јануари 2020. / 10:26

Сорос ќе инвестира една милијарда долари за мобилизација против „диктаторите“

Сорос ќе инвестира една милијарда долари за мобилизација против „диктаторите“

Џорџ Сорос објави дека ќе инвестира една милијарда долари во проект за универзитетска мрежа. Целта е мобилизација против  „постоечките и нидните диктатори“, како и против глобалното затоплување, пренесува Франс прес.

Американскиот милијардер-филантроп говореше на традиционалната вечера, што секоја година ја приредува на Светскиот економски форум во Давос.

Сорос изрази жалење дека Кина, САД и Русија се управувани од „постоечки или идни диктатори“, а бројот на „авторитарни лидери се зголемува“.