Свет 24. септември 2018. / 14:52

Сорос ја тужи Унгарија од каде што беше избркан поради криминал

Сорос ја тужи Унгарија од каде што беше избркан поради криминал

Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос соопшти дека е поднесена тужба пред Европскиот суд за човекови права и унгарскиот Уставен суд околу неодамна воведениот закон насочен против невладините организации кои работат со имигранти.

Џејмс Голдстон од фондацијата „Отворено општество“ рекол дека правната постапка е покрената за да се спротистави на законите чија цел е, како што вели, застрашување и замолчување на независните гласови во Унарија.

Законот беше усвоен во јуни и предвидува казна затвор од една година за луѓето кои им помагаат на нелегални имигранти, а во јули со законот е воведена такса од 25 отсто на финансиската и друга помош од странство за групи или организации кои ја промовираат нелегалната имиграција.

Инаку Сорос беше избркан од Унгарија поради криминални активности, како што е заштита и прикривање на нелегални имигранти. Неговите организации таму спроведуваа активности кои се косат со правниот систем на Унгарија, односно помагаа и прикриваа нелегални имигранти.