Мери Трамп, внука на американскиот претседател Доналд, поднесе кривична пријава обвинувајќи ги Трамп и неговите браќа и сестри за измама во која тие и го одзеле правото на недвижен имот изграден од Фред Трамп.
Во тужбата, поднесена во државниот суд во Њујорк, Мери тврди дека „измамата не била само семеен бизнис – тоа било начин на живот“, пишува Си-Ен-Ен.
Внуката на претседателот ги обвини нејзините двајца чичковци и тетка, пензиониран федерален судија, за заговор за време на кој тие и понудиле „еден куп лажни проценки“ и ја принудија да потпише договор за спогодба во кој и беа украдени „десетици милиони долари“.
„Наместо да ги штитат интересите на Мери Трамп, тие смислија и спроведоа комплексен план да извлечат средства од неа, да ја прикријат измамата и да ја измамат за вистинската вредност на она што го наследила“, се наведува во тужбата.
Инаку, 55-годишната Мери Трамп ја објави книгата „Премногу и никогаш повеќе“: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот.
Во книгата таа тврди дека била отстранета од тестаментот на нејзиниот дедо поради смртта на нејзиниот татко.
Мери Трамп имала 16 години кога нејзиниот татко починал во 1981 година, па таа и нејзиниот брат Фред Трамп Трети наследиле семејна недвижност.
Бидејќи Мери во тоа време беше сè уште тинејџерка, се наведува во тужбата, адвокатот на Ирвин Дарбен, кој исто така беше адвокат и извршен директор на Трамп во компаниите поврзани со Трамп, беше назначен за нејзин повереник.
Според тужбата, Дарбен, кој почина во 2016 година, имал „судир на интереси“ и на крајот „целосно ја истиснал од семејниот бизнис“.