Свет 07. ноември 2018. / 11:21

Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза во Барселона

Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза во Барселона

Каталонската полиција утрово затвори две железнички линии на главната железничка станица „Сантс“ во Барселона откако во скениран куфер било откриено можно експлозивно средство.

На станицата се испратени пиротехничари.

– Добивме дојава околу 8 часот. Безбедносната служба(на железничката компанија)Адифа забележала предмет на скенерот во облик на можно експлозивно средство во куфер. Продолжуваме со проверката – објави полицијата на Твитер.