Контактите на старите лица во Европа со другите треба да останат ограничени барем до крајот на годината заради епидемијата на корона вирусот, предупреди претседателката на Европската комисија.
-Без вакцина, треба да ограничиме што е можно повеќе контакти со постарите лица, особено со оние кои живеат во домови за нега на стари лица, рече Урсула фон дер Лејен за германски Билд.
„Знам дека е тешко и дека тежи изолацијата, но тоа е прашање на живот и смрт. Мора да останеме дисциплинирани и трпеливи“, рече таа.
-Децата и младите ќе уживаат поголема слобода во движењето отколку постарите и оние со хронични заболувања, рече шефицата на ЕК.
Таа додаде дека се надева дека ќе се развие вакцина од европска лабораторија до крајот на годинава.