Полицијата во Бразил уапси германски државјанин (73) под сомнение дека сексуално злоставувал малолетни лица. Пронајденo е „студио“ во куќата на осомничениот во Рио де Жанеиро, каде е забележано брутално злоставување на деца.
До детските играчки се наоѓале предмети користени во садомазохистички ритуали, пренесува РТЛ.
– Сцената беше гадна. Никогаш не сме виделе нешто толку бизарно, агресивно. Во куќата пронајдовме бројни предмети што се користат за тортура на деца за време на снимањето. Најдовме повеќе од 30.000 сниимки – изјави извор од полицијата.
Полицијата влегла во куќата на Германецот во четвртокот, откако една мајка пријавила дека се сомнева дека нејзините ќерки на возраст од 12 и 14 години биле мачени во неговата куќа. Веднаш бил уапсен.
Истрагата треба да утврди кој ги купил снимките. Според локалните медиуми, снимките се верува дека биле дистрибуирани низ целиот свет, претежно во Европа, особено во Германија.
Исто така, се сомнева дека Германецот од тоа време учествувал во трговија со луѓе и „шири секс туризам“.