Свет 22. април 2020. / 18:00

Со 665 нови жртви, бројот на починати од корона вирус во Велика Британија се зголеми на 16.227

Со 665 нови жртви, бројот на починати од корона вирус во Велика Британија се зголеми на 16.227

Бројот на смртни случаи од корона вирусот во болниците во Велика Британија во последните 24 часа се зголемил за 665 на вкупно 16.272 жртви.

Како што соопштија здравствените власти, тоа е помалку од ден претходно кога тој број изнесуваше 778. Починатите се на возраст од 26 до 102 години.

Националната здравствена служба на Англија соопшти дека 26 од починатите немале други заболувања.