Еден од најозлогласените криминалци во Франција, Редоан Фаид, избегал од затворот во Рео.
Во тоа му помогнале три соучесници кои вооружени упаднаа во затворските простории за посети, го земале Фаид и го одвеле со хеликоптер. Нешто подоцна полицијата го пронашла хеликоптерот запален, а има сомнежи дека криминалците избегале во црн автомобил.
Ова не е прво бегство затвор, во 2013 година тој побегна од затвор со помош на динамит.
Редоан Фаид тогаш отслужувал казна за грабеж и требало да му се изрече нова, тешка казна поради убиство на полицајка во 2010 година. Пред пет години е уапсен во хотел во местото Понто-Комбол, 20 километри источно од централен Париз.
Фаид , растел во мигрантски камп надвор од Париз, наоружен е и посебно опасен.
Порано бил пуштен на условна слободна после една деценија мината зад решетки, затоа што ги убедил надлежните дека жали за кривичните дела направени во минатото и дека спремен за нов живот.
Пред неколку години беше и коавтор на две книги каде ги призна сите злодела. Во книгата кажал дека животот на криминалците бил инспириран од американските филмови, како што е на пример „Лице со лузна“.