Свет 25. јули 2018. / 21:37

Снимен моментот кога се сруши браната – пронајдени 20 тела, водата потопи 6 села, 100 исчезнати (ВИДЕО)

Снимен моментот кога се сруши браната – пронајдени 20 тела, водата потопи 6 села, 100 исчезнати (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 100 се водат како исчезнати во Лаос, при пукањето на хидроелектричната брана во привинцијата Атепо.

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта, а спасувачите со помош на чамци и хеликоптери и понатаму пребаруваат и евакуираат жители.

 

Локалните власти апелирале до владините институции и другите локални заедници да пружат пмош во вид на облека, храна, вода за пиење и лекови.

При рушење на браната, поплавени се најмалку 6 села, а водата оставила околу 6.600 лица без домови, пренесува Би-Би-Си.