Свет 10. септември 2018. / 12:38

Снег падна во Јужна Африка

Снег падна во Јужна Африка

Студениот бран влијаеше на падот на температурите и на зимските врнежи во средината на септември, главно во југозападниот дел на земјата.

Жителите го фотографираат и снимаат овој необичен метеоролошки феномен и го објавуваат на социјалните мрежи.

Африка е позната по големата суша која го погодува континентот, па септемврискиот снег е појава што го изненади населението.