Најмалку 74 луѓе загинаа и голем број се повредени во силна песочна бура што го зафати северниот дел на индиските држави Раџастан и Утар Прадеш. Невремето предизвикало прекин во електричната мрежа, корнело дрвја, уништило голем број куќи и усмртило добиток.
Голем дел од загинатите луѓе спиеле во моментот кога нивните куќи се распаднале откако биле погодени од интензивни експлозии од громови.
Главниот министер во Раџастан изјави дека функционерите се упатуваат кон погодените области за да започнат со хуманитарна работа.