Судот во Индонезија го осудил на смртна казна радикалниот свештеник Аман Абдурахман, бидејќи им наредил на екстремистите, поврзани со Исламската држава да спроведат напад во неколку земји, меѓу кои е и самоубиствениот бомбашки напад во еден од кафичите на ланецот Старбакс, во јануари 2016 год.
Полицијата и обвинителството тврдат дека Абдурахман е клучниот иделог на екстремистите на ИД во Индонезија, најголемата муслиманска држава на светот.
Неколку стотина полицајци го обезбедувале судот во Џакарта, каде му била изречена пресудата, пренесува АП.
Обвинителството побарало смртна казна.
Во Индонезија е зголемен стравот од напади, по самоубиствениот бомбашки напад во градот Сурабај, минатиот месец, кои го изврши семејство заедно со своите деца.
Полицијата навела дека лидерот на тие напади бил дел од мрежата на екстремеисти, кој бил инспириран од Абдурахман.