Свет 09. декември 2018. / 20:07

Службата за безбедност на Украина: Русите го направија хаосот во Париз

Службата за безбедност на Украина: Русите го направија хаосот во Париз

Руските специјални служби би можеле да се вмешани во организацијата на антивладините протести во Франција, напиша службата за безбедност на Украина.

Радикалните елементи во Франција дејствуваат “под раководство“ на припадниците на ФСБ и Главната управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија (ГРУ), тврди СБУ.

Како доказ за овие обвиненија на сметка на Русија, украинскиот ресор ја објасни преку фотографија од Париз на која се гледаат двајца луѓе во жолти елеци кои држат знаме на самопрогласената Донецка Народна Република.

-Меѓународните граници не се препрека за руската хибридна агресија. Валканите методи на Кремљ ја рушат европската стабилност бидејќи во неа гледаат закана, соопшти претседателот на Службата за безбедност на Украина, Василиј Гричак.

Освен тоа, во соопштението се наведува дека руската специјална служба, која зад грбот на мирните демонстранти организира немири и насилство во Франција, наводно спремаат слични провокации во Белгија, Германија, Шпанија, Бугарија и другите држави во Европа, пренесува „Спутник“.