Свет 28. август 2018. / 19:05

Следниот месец Русија ќе ги одржи најголемите воени вежби во последните 40 години

Следниот месец Русија ќе ги одржи најголемите воени вежби во последните 40 години

Следниот месец Русија ќе ги одржи најголемите воени вежби од 1981 година.

Информацијата ја обелодени рускиот Министер за одбрана Сергеј Шојгу, додавајќи дека вежбите наречени „Исток 2018“ ќе се одржат во руските централни и источни воени области и оти во нив ќе бидат вклучени 300 илјади војници и повеќе од 1.000 авиони.

Најавата доаѓа во услови кога односите меѓу Москва и Западот се на најниско ниво по Студената војна.