Лицето кое со автомобил денеска удри во заштитната ограда на британскиот Парламент и повреди неколку луѓе ќе одговара за тероризам. Тој е уапсен и единствено се знае дека има меѓу 20 и 30 години.
Лондонската амбуланта служба соопшти дека двајца пациенти се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот. Се работи за велосипедисти и пешаци. Уапсениот бил сам во автомобилот и досега не е пронајдено оружје.
-Во оваа фаза, ние го третираме ова како терористички инцидент и истрагата сега ја води единицата за борба против тероризам, соопштија од Скотланд Јард. Напаѓачот е во притвор во полициската станица во јужниот дел на Лондон и возилото се претресува.
Голем број очевидци изјавија дека сребрената Форд Фиеста, која се движела кон запад, се чини намерно ги погодила пешачите и велосипедистите, по што се завртела во спротивната лента.
Би Би Си објави снимки на кои се гледа моментот кога возилото оди преку пешачки премин пред да удри во безбедносната ограда од челик и бетон.