Најголемиот дел од барателите на азил, кои пристигнуваат во Германија, се без никакви документи за идентификација, пишува весникот „Велт ам Зонтаг“, цитирајќи податоци обезбедени од германското министерство за надворешни работи.
Во првото полугодие од оваа година 58% од возрасните бегалци кои влегле на германска територија биле без документи.
Според федералната служба за миграција и бегалци, дел од нив намерно ги фрлаат документите за идентификација, „веројатно за да си ги зголемат шансите при разгледување на барањата за азил”.
Според статистиката на германското министерство за внатрешни работи, 88% од авганистанските баратели на азил, 89% од Еритрејците и 95%од Алжирците влегуваат во земјата без документи.