Свет 03. септември 2019. / 21:31

Скандалозна изјава на Трамп: Замислете што ќе и се случи на Кина ако победам

Скандалозна изјава на Трамп: Замислете што ќе и се случи на Кина ако победам

Претседателот на САД Доналд Трамп му се закани на Пекинг со уште поостра трговска војна доколку биде повторно избран и предвиде пад на бројот на работни места и компании во Кина, занемарувајќи ги приговорите на американските индустријалци кои ги трпат последиците на неговата протекционистичка политика.

Трамп ги предупреди кинеските власти да не се обидуваат да добијат на време до американските избори во 2020, во надеж дека тој нема да биде повторно избран.

– Замислете што ќе и се случи на Кина ако победам. – напиша на Твитер.

Тој додаде дек условите на договорот би биле многу построги во таа ситуација, а се закани додека во неделата на сила стапија новите засилени царини за кинески производи во вредност од милијарди долари.

– Иако сум сигурен дека тие радо би преговарале со нова администрација за да продолжат да ги измамуваат САД (600 милијарди долари годишно) подолго од 16 месеци, тоа е долг период за поднесување долгорочни загуби во работни места и компании. – додаде американскиот претседател.

Набрзо по твитовите на Трамп, се појави извештај за падот на производниот сектор на САД во август, со што беше прекината низата од 35 месеци непрекинат раст. Индексот на производството ИСМ падна на најниско ниво од јануари 2016 кога Трамп ја презема должноста.