Рускиот претседател Владимир Путин, вознемирен поради сè поголемата популарност на рап музиката во Русија, од Министерството за култура побара да ја контролираат музиката.
– Ако е невозможно да ја запреме, тогаш мораме да ја насочуваме и контролираме. – изјави Путин.
На средба со советниците за култура Путин предупреди дека обидите да им се забранат настапите на изведувачите би имало спротивен ефект и дека само ќе ја зголемат популарноста на рап музиката.
Според него, рапот се темели на три столбови: секс, дроги и протести, а од нив како најопасни се дрогите кои се многу присутни во музиката, пренесува AP.
Тој вели дека тоа е пат кон деградација на нацијата, а пропагирањето на дроги е полошо од псуењето.