Поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден ги негирал наводите дека лошо се однесувал кон Лизи Флорес, поранешна членка на собранието на државата Невада, која изјавила дека ја бакнал во темето на една предизборна собиранка.
–Никогаш не сум искусила нешто толку очигледно неприкладно, напишала Лизи Флорес.
Бајден рекол дека во текот на годината покажувал „изразување наколнетост“ кон луѓето додавајќи дека никој не помислил дека постапува неприкладно.
–Ако се сугерира дека го направил тоа, ќе слушам со почит, рекол тој.
Флорес обвинението против него го објавила во петокот за магазинот Кат.
Таа се кандидирала за демократски кандидат за заменик гувернер во Невада 2014 година, кога Бајден, тогашен претседател, допатувал да ја поддржи.
Додека таа се подготвувала да излезе на бина, како што вели, Бајден ги ставил рацете на нејзините рамена од зад грб.
-Почувствував како ми се доближува од позади. Тој се наведна кон мене и ми дишеше во коса. Бев понижена, напишала Флорес.
–Лесно ме бакна за темето. Моето момче не можеше да сфати што се случува, додала.
Портпаролот на Бајден, Бил Русо рекол дека ни потпретседателот ни неговите вработени не знаат дека „госпоѓа Флорес во било кој момент се чувствувала непријатно, ниту се сеќаваат на тоа што таа го опишува“.
Меѓутоа, Бајден вчера издал соопштение во кое ветил дека „ќе обрне внимание“ на госпоѓа Флорес и повторил дека не се сеќава на инцидентот.