Организацијата на извидувачи „Скаутинг Ирланд“ објави податоци за повеќе од 300 деца кои се сексуално злоупотребувани во тоа здружение, вели ирски „Тајмс“.
Наводно, злоупотребите се случувале со децении. Волонтерите кои правеле такви ужасни дејства, организацијата ги штитела и ги селела од група во група.
Истрагата во самата организација достигна ужасен број; 317 деца биле малтретирани, а имало 212 злоупотребувачи.
Бројот на познати сторители на сексуална злоупотреба и жртви се зголеми трипати во рок од само три недели откако информацијата за тој скандал беше изнесена пред ирскиот национален парламент.