Торби, мобилни телефони, медицинска опрема, саксии со билки – се што не е приковано за под се краде по германските болници.
Ова го покажа истражувањето според кое годишно штетите изнесуваат милиони евра.
Крадците ја искористуваат анонимноста на огромните комплекси и немоќта на пациентите, а болниците имаат ограничени можности да се борат против тоа затоа што мора да балансираат меѓу отвореноста и безбедноста на пациентите.
Во сојузната држава Северна Рајна – Вестфалија, на пример, забележани се речиси 6.500 кражби во болниците во 2017 година, покажуваат податоците на сојузното биро за истрага на криминалот.
Во Баден – Виртембург на југозападот на земјата штетите во 2017 година достигнале рекорд од речиси 2,75 милиони евра.
Болниците тешко се борат против тоа и во сојузното биро за истрага објаснуваат дека проблем е што болниците се големи комплекси со неконтролиран пристап па на крадците не им е тешко да влезат и да ги прекопаат фиоките и ормарите во празните соби.