Свет 10. април 2018. / 12:31

Ситуацијата е толку сериозна што Цукерберг облече одело и вратоврска на Конгрес

Ситуацијата е толку сериозна што Цукерберг облече одело и вратоврска на Конгрес

Извршниот директор и основач на Фејсбук, Марк Цукерберг денеска ќе се појави пред американскиот Конгрес каде ќе одговара на прашања за скандалот кој ја потресе компанијата, кога беше објавено дека консултантска фирма Кембриџ аналитика собирала лични информации од 87 милиони корисници на Фејсбук, за да се обиде да влијае на изборите.

Цукерберг досега повеќе пати им се извини на корисниците и јавноста. Ова е првпат во неговата кариера да се појави пред Конгресот.

Агенцијата наведува дека тој ќе облече одело и вратоврска, што се разликува од неговиот досегашен стил – фармерки, патики и сиви маици.