Свет 28. ноември 2018. / 12:05

Сите патници загинаа: Авионот на „Лајон ер“ не бил подготвен за лет

Сите патници загинаа: Авионот на „Лајон ер“ не бил подготвен за лет

Авионот на компанијата „Лајон ер“, кој се урна минатиот месец со 189 лица, технички не бил подготвен за лет, соопштија индонезиските инспектори.

„Боингот 737 макс“ падна во Јаванско Море кратко време по полетувањето од Џакарта на 29 октомври. Во несреќата никој не преживеа.

Во прелиминарниот извештај се наведува дека имало технички проблеми за време на претходните летови.

Истражувачите детално го опишаа краткото време што авионот го поминал во воздух, но рекоа дека не ја утврдиле дефинитивната причина за падот, објави Би-би-си.

„737 макс“ е новата верзија на „Боинг 737“ и моментално е најдобро продаван патнички авион на овој производител.

Националната комисија за безбедност во сообраќајот објави дека компанијата „Лион ер“ го пуштила авионот во употреба, иако авионот имал проблеми за време на претходните летови.