Свет 05. јуни 2018. / 11:19

Сите детали за состанокот меѓу Трамп и Ким – кога и каде ќе биде средбата

Сите детали за состанокот меѓу Трамп и Ким – кога и каде ќе биде средбата

Белата куќа соопшти денеска дека првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се одржи на 12 јуни во девет часот во Сингапур

– Нашиот тим во Сингапур завршува со подготовката и ќе остане таму се додека средбата почне, изјави Сара Сандерс портпарол на Белата куќа.

Таа додаде дека Трамп ќе има секојдневни брифинзи за Северна Кореја до почетокот на средбата.