Свет 23. октомври 2019. / 17:51

Сириската армија се разместува долж границата со Турција

Сириската армија се разместува долж границата со Турција

Сириската Влада ќе постави свои војници на 15 пунктови долж границата со Турција, изјави неименуван извор од руското Министерство за одбрана.

Поставувањето сириски војници на пунктовите е предвидено со Договорот постигнат вчера помеѓу Русија и Турција.

Сириските и руските сили се распоредуваат во североисточна Сирија за да го надгледуваат повлекувањето на курдските борци и за да го отстранат нивното оружје долж границата со Русија.