Свет 11. февруари 2019. / 14:48

Силно снежно невреме ги погоди Хаваите

Силно снежно невреме  ги погоди Хаваите

Силно снежно невреме ги погоди Хаваите и предизвика хаос бидејќи голем број домаќинства останале без струја , имало многу искршени дрвја и гранки а се поплавени и патиштата.

Снегот не бил вообичаен во планинските делови на овој островски архипелаг досега, но научниците наведуваат дека снежната покривка на надморска висина од илјада и деветстотини метри , во државниот парк на Мауи би можела да претставува најниска точка на која било кога воопшто е виден снег на Хаваи, јавуваат светските агенции.