Свет 30. мај 2018. / 09:22

Силна бура во Германија: Автомобили пловеле низ улиците – трговските центри поплавени (ВИДЕО)

Силна бура во Германија: Автомобили пловеле низ улиците – трговските центри поплавени (ВИДЕО)

Силна бура го погоди западниот дел на Германија, а налошо било во градот Вупертал.

На улиците завладеал целосен хаос, обилните врнежи ги претвориле улиците во реки кои носеле се пред себе, па дури и луѓе, јавија локалните медиуми.

Силниот дожд урнал дури и кровови на некои куќи, уништени се десетици автомобили, а луѓето останале заробени во трговски центри.

За сега нема информации за жртви.

Спасувачките служби се обидуваат да излезат на терен и да интервенираат, но ситуацијата им ja отежнува работата.

Силно невреме го погоди и Дизелдорф, каде врнел и град.

МИА