Јачината на ураганот Лејн, кој се приближува кон Хаваите, е намалена на категорија 2, а максималната брзина на ветерот сега е околу 175 километри на час, соопшти американската Национална метеоролошка служба.
Во текот на денот се очекува извесно слабеење, но ураганот и понатаму е опасен.
Ураганот носи обилни дождови на хавајскиот Голем остров, каде се вклучија сирените, а пет туристи се спасени на подрачјата погодени од поплави.
Работниците во хотелите поставуваат вреќи со песок, стравувајќи од поплави, а полицијата ги предупредила туристите да ја напуштат познатата плажа Ваикики, додека пет туристи од Калифорнија се спасени од куќите кои ги изнајмиле во местото Хило.