Свет 07. ноември 2020. / 18:44

СиЕнЕн и Њу Јорк Тајмс го прогласија Бајден за претседател

СиЕнЕн и Њу Јорк Тајмс го прогласија Бајден за претседател

Американските медиумски куќи СиЕнЕн и Њу Јорк Тајмс веќе го прогласија Џо Бајден за нов претседател на САД.

Според нив, Џо Бајден веќе ја освоил и Пенсилванија која носи 20 гласови во изборниот колеџ. Со овие 20 гласови тој има вкупно 273 кои се 3 повеќе од вкупните 270 гласови во изборниот колеџ кои му беа потребни за победа.

Џо Бајден ќе стане 46-ти претседател на Америка. Функцијата Претседател на САД во рацете на Демократите се враќа по еден мандат на републиканецот Доналд Трамп.