Свет 11. мај 2019. / 10:25

Sидот кон Мексико сепак ќе се гради – одобрени над милијарда долари

Sидот кон Мексико сепак ќе се гради – одобрени над милијарда долари

Американскиот министер за одбрана, Патрик Шенахан, одобри префрлање на 1,5 милијарди долари за изградба на над 130 километри долгиот ѕид кон Мексико.

Во овие 1,5 милијарди долари се вклучени и 600 милиони кои се префрлени од сметката намената за воените сили во Авганистан.

На овој потег на министертот се спротиставија Демократите во Сенатот на САД, кои со месеци се противат на одобрување финансиски средства за изградба на ѕидот, што според претседатлеот Доналд Трамп е неопходно за заштита на јужната граница од нелегални мигранти.

Во момнентов на границата кон Мексико се распоредени 4 000 војници и 19 авиони, кои спречуваат влез на мигранти во САД од земјите на Средна и Јужна Америка.