САД со внимание ги анализираат информациите на тајните служби според кои претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е во критична состојба по операција на срцето, објави „Си-Ен-Ен“.
Гласините за здравствената состојба на свернокорејскиот лидер беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо на 15 април. Тој последен пат се појави во јавноста на 11 април на владина седница.
Неименуван американски претставник за „Си-ЕН-Ен“ изјавил дека постои загриженост за здравствената состојба на Ким, но оти е тешко да се процени сериозноста на ситуацијата.
Јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срцето. Според неофицијални информации, тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.
Северна Кореја строго ги контролира информациите што излегуваат во јавност, особено во врска са Ким, кој во земјата има статус на божество.