Свет 13. ноември 2018. / 22:00

Си-ен-ен ја тужи Белата куќа

Си-ен-ен ја тужи Белата куќа

Телевизиската мрежа Си-ен-ен поднесе тужба против администрацијата на Трамп во обид да го врати пристапот до Белата куќа на новинарот Џим Акоста, чии акредитации беа одземени претходната неделава. Тужбата е поднесена во Окружен суд во Вашингтон.

„Непрописното одземање на акредитациите го крши правото на слободата на печат на Си-ен-ен и на Акоста кои произлегуваат од Првиот амандман за слободата на печатот и Петтиот амандман за правото на правичен процес“, се наведува во соопштението.

Администрацијата на Трамп минатата недела ја одзеде акредитацијата на Акоста, откако тој го оспори ставот на американскиот претседател дека караванот на мигранти од Централна Америка е „инвазија“.