Свет 25. јули 2019. / 18:55

Шверцери за малку ќе се задушеле во контејнер полн со кокаин, повикале полиција да им помогне

Шверцери за малку ќе се задушеле во контејнер полн со кокаин, повикале полиција да им помогне

Во контејнер поставен на еден од огромните терминали на пристаништето во Антверпен двајца криумчари на кокаин повикале помош од полиција. Овој терминал се смета за еден од главните влезови на кокаинот од Јужна Америка во Европа.

Шверцерите се заглавиле додека се обидувале да ја извлечат дрогата од еден од контејнерите. На полицијата и требале речиси два часа да го лоцираат повикот во огромниот број на контејнери.

Во металниот контејнер, каде било неиздржливо топло и задушливо, нашле двајца голи мажи кои се предале без да пружат отпор. Надворешната температура во тој период инесувала околу 40 степени, а во контејнерот било далеку потопло. Мажите се во притвор и го чекаат обвинението.

Не е познато колкаво количестов кокаин се обидувале да прокриумчарат. Се претпроставува дека станува збор за неколку стотици килограми.

Осомничените се жители на Антверпен, град што го има второто најголемо пристаниште во Европа по она во холандскиот Ротердам.