Апелациониот суд на Шведска ја отфрли жалбата на „Гаспром“ што руската компанија ја поднесе на одлуката на судот во Стокхолм во спорот со украински „Нафтогас“ за испораките на гас во Украина, пренесува „Спутник“.
–Апелациониот суд денеска ја соопшти одлуката по жалбата во арбитражниот спор меѓу руската и украинската компанија. Апелациониот суд го одби барањето на руската компанија. Се очекува дека одлуките во уште два случаи меѓу тие две страни да бидат донесени во 2020 година – се наведува во сооопштението.
Во арбитражната постапка што се однесува на спогодбата за испорака на гас имаше, меѓу другото, побарување за исплати и поништување или замена на одредени договорни одредби.
Апелациониот суд не донесе одлука во корист на ,,Гаспром” по тие прашања. Во текот на постапката во Апелациониот суд, ,,Гаспром” инсистираше да се укинат две точки во посебна одлука“, се наведува во објаснувањето на судот.
Руската компанија тврдеше дека Арбитражниот суд направил бројни грешки на основа на кои одлуката треба да се поништи. „Нафтогас“ инсистираше да се одбијат барањата на „Гаспром“ зашто Арбитражниот суд не направил никакви грешки. Истакнато е дека нема можност за жалба на одлуката на Апелациониот суд.
Судските постапки на „Гаспром“ и „Нафтогас“ поради договорот за транзит и испорака на гас во Украина траат од 2014 година. Во февруари 2018 година, стокхолмскиот суд ѝ наложи на руската компанија да ѝ исплати на украинската страна околу 2,56 милијарди долари за компензација, зашто не ги испорачала договорените количества гас за транзит преку Украина.
Летото 2018 година „Нафтогас“ почна процес на принудно враќање на таа сума преку заплена на активата на рускиот холдинг во Швајцарија, Велика Британија и Холандија.