Свет 11. февруари 2021. / 21:45

Шведска нема да ја дава вакцината на АстраЗенека на постари лица

Шведска нема да ја дава вакцината на АстраЗенека на постари лица

Шведска ќе ја игнорира препораката на Светската здравствена организација (СЗО), според која вакцината на АстраЗенека е добра и за луѓе постари од 65 години, изјави денеска државниот епидемиолог Андерс Тегнел.

– Ако ја имате само таа вакцина на располагање, секако ќе ја дававте и на луѓето над 65 години. Во Шведска, имаме луксуз да имаме повеќе видови вакцини, па сметаме дека е разумно ова што го правиме сега – да ги групираме вакцините по различни групи, изјави Тегнел.

Шведската служба за јавно здравје минатата недела објави дека вакцината на АстраЗенека не содржи доволно податоци за нејзината ефикасност кај постарата популација и додаде дека ќе ја преиспитаат британската вакцина „подоцна, напролет“.