Свет 07. април 2020. / 23:10

Шведска го плаќа данокот од благите мерки: 114 смртни случаи за 24 часа

Шведска го плаќа данокот од благите мерки: 114 смртни случаи за 24 часа

Во Шведска во последните 24 часа регистрирани се 114 смртни случаи како последица на корона вирусот.

Во земјата карантин не е воведен. Шведските власти единствено повикаа жителите да бидат одговорни и да ги почитуваат санитарните прописи.

Една од построгите мерки во Шведска е забраната за групирање на повеќе од 50 лица и забрана за посета на старечки домови.

Шведската влада ги отфрла критиките дека премногу е пасивна во решавањето на кризата.

-Не, не делуваме како ништо да не се случува во Шведска, изјави неодамна министерката за здравство Лена Халенгрен.