Свет 10. септември 2018. / 10:09

Шведска гласаше против масовните миграции

Шведска гласаше против масовните миграции

Шведскиот вледеачки блок на левиот центар е во мало водство над Алијансата на десниот центар, се прелиминарните резултати на изборната комисија по парламентарните избори одржани вчера во Шведска.

Места во парламентот зазедоа и десно ориентираните Шведски демократи, како и што се очекувало, поради што блокот на десниот центар и владеачкиот блок на левиот центар не успеале да освојат мнозинство од гласовите.

Според резултатите коалицијата предводена од Социјалдемократите, заедно со Левицата и Зелените, освоиле 40.6% од гласовите.

Од друга страна Алијансата, предводена од Умерените, задно со Центарот, Демохристијаните и Либералите освоиле 40.3% од гласовите.

Шведските демократи, кои се против мигрантската политика на сегашната влада, самостојно освоиле 17,6%, што претставува голем успех, имајќи предвид дека минатите избори имаа освоено 12,9%.

Од резултатите неизвесно е кој ќе ја предводи Шведска, а конечниот исход најверојатно ќе зависи од десно ориентираните Шведски демократи.