Свет 06. јануари 2020. / 20:45

Швајцарците не знаат што со парите, Украинците сврзуваат крај со крај

Швајцарците не знаат што со парите, Украинците сврзуваат крај со крај

Нееднаквата распределба на богатството е прикажана на многу различни начини. Меѓу другото,  тоа можете да го видите ако ги споредувате земјите во светот според просечното богатство на нејзините граѓани.

Тука најдобро можеме да видиме дека земјите од Западна и Централна Европа се очигледно многу богати,  а ги предводи  Швајцарија,  земја позната  меѓу другото по нејзиниот  силен банкарски систем. Потоа следува Исланд, па потоа и Луксембург, пишува српски Бизниснифо.

Германија е најголема европска економија во целина, но  споредено со просечно богатство од 35,3 илјади  американски долари по возрасно лице, таа е поблизу до средината отколку на  врвот на списокот.

Многу подобро од  неа котираат Белгија, Франција, Ирска и други земји. Контрастот помеѓу Запад и Исток е впечатлив. На пример, Украина има само 1,2 илјади американски долари по глава на жител , што е на исто ниво со многу африкански земји.