Граѓаните и туристите веќе 13 дена имаа проблеми во сообраќајот поради тоа што и машиновозачите го продолжија штрајкот против реформите на Макрон во пензионерскиот систем.
Работниците низ Франција, вклучувајќи ги и наставниците, лекарите, адвокатите и вработените во Ајфеловата кула денеска ги напуштиле работните места за да им се приклучат на протестите против зголемувањето на старосната граница за заминување во пензија и за да го зачуваат системот на социјална заштита, во страв претседателот Макрон да не го уништи.
Граѓаните и туристите веќе 13 дена имаа проблеми во сообраќајот поради тоа што и машиновозачите го продолжија штрајкот против реформите на Макрон во пензионерскиот систем.
Денеска биле затворени и училиштата, полагањето на испити било откажано, поради тоа што и наставниците му се приклучиле на штрајкот, пренесе Ројтерс.
Болниците исто така имале проблеми во функционирањето бидејќи медицинските сестри, докторите и фармацевтите исто така излегле на улица.
Неколку часа пред почетокот на протестите полицијата ја обезбедила Елисејската палата поради можни насилства за време на протестите.