Свет 07. јули 2018. / 18:22

Што може да се очекува на самитот на НАТО?

Што може да се очекува на самитот на НАТО?

Лидерите на НАТО ќе се соберат на 11 и 12 јули во Брисел, во услови на длабоки поделби за трошоците за одбраната и за трговските односи. Пред самитот, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека другите земји-членки ја третираат неговата земја како „касичка за пари“, а царините воведени од Вашингтон доведоа до одмазнички мерки на Европската унија.

Американски маринци во јуни вежбаа амфибиски напад на брегот на Литванија. Тие беа меѓу 4000 војници од повеќе од 20 земји на НАТО на годишната вежба на Балтичкото Море.

Но, дали ќе има иста соработка на самитот кога лидерите на НАТО ќе се состанат на 11 и 12 јули во Брисел?

„Гледајте го НАТО, ние сме „касичка за пари“ од која сакаат да земаат“, изјави деновиве американскиот претседател Доналд Трамп кој ги критикуваше некои членки на НАТО дека не трошат доволно за одбраната.

„Германија плаќа 1 отсто од многу помал БДП. Ние плаќаме близу 4 проценти“, рече Трамп.

Состанокот на НАТО доаѓа во време на трансатлантски тензии околу трговијатаи откако Трамп ја повлече својата поддршка за конечното коминике на самитот на Г7 во јуни во Канада.